Гафовите го направија Претседателот „Најглупавата славна личност“

 

 

Двата претседателски мандата, по пет години на шефот на словачката држава, Иван Гашпарович ги одбележаа десетина гафови и духовити изреки, кои дури му ја донесоа и титулата „Најглупава славна личност" во неговата земја.

За еден од најпознатите гафови може да се смета изјавата кога Организацијата на Обединетите нации ја нарече Организација на обединети тумори, грешка која му се случи со инверзија на неколку букви во словачките зборови.

При настап на Словачката телевизија ТА3, Гашпарович повторно се сплетка, овојпат со бројот на денови во годината, изјавувајќи дека ,,речиси 400 дена патува по Словачка, што е речиси една цела година".

Несреќна изјава, Гашпарович даде и на прес-конференцијата на која ја објави својата втора кандидатура за претседател. Еден збор отповеќе, неговиот говор го направи инспиративен за многу хумористични видео клипови на интернет.

- Одлуката за кандидидирање за претседател на шефот на државата никогаш не е лесно, изјави словачкиот политичар. Иако не беше јасно што сакаше со тоа да каже, тој сепак успеа да ги порази своите противкандидати и по втор пат.

Долгогодишниот словачки претседател често беше жртва на сложената структура на неговите реченици.

- Од друга страна, мислам дека Словачка понекогаш, за жал, а понекогаш дури и фала богу, дека за жал, словачката работна сила е се уште поевтина и сега фала богу деке е поевтина, се ,,заплетка" Гашпарович во одговорот на прашањето да направи споредба на условите за работа во Словачка и светот.

На Генералното собрание на ОН во Њујорк пак, му се случи повторно ,,лапсус" изјавувајќи: ,,Најважен проблем за стабилизација на регионот на Западниот балкон...ехм... Балкан...". Повеќето гафови и лапсуси на Гашпарович му ја донесоа титулата ,,Најглупава славна личност во Словачка", откако победи на анкетата организирана од словачкиот таблоид ,,Ново време"

15.06.2014 - 13:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега