МВР деновиве ловеше лоши момци
Полицијата денеска на граничниот премин го улови 51 годишниот кумановчанец С.С., кој се барал за издржување затворска казна во траење од три месеци поради фалсификување исправа. Тој бил пренесен во СВР-Куманово за понатамошна постапка.
Скопската полиција во четвртокот, го уапсила скопјанецот Ацо М.(35) кој се барал за издржување затворска казна од десет месеци, поради извршена тешка кражба. Тој е спроведен во затворот во Идризово.
Во петокот, скопската полиција го фатила Арсон А.(24), кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и два месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба”. Обвинетиот е пренесен во затворот во Идризово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа