Џиновското ѓезве пристигна на СП во Бразил

 

Компанијата Виспак од Високо, денеска го донесе Џиновското ѓезве во Рио де Жанеиро каде ќе биде за време на СП во фудбал.

Првата промоција на најголемото ѓезве во светот ќе биде одржана за време на натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Аргентина кога посетители на СП од цел свет ќе може да го испробаат Златното ѓезве и вистинско босанско кафе.

Вљубениците во фудбал ќе може на СП во Бразил да пробаат кафе од најголемото ѓезве во светот кое од лани е во Гинис. Фудбалската репрезентација на БиХ оваа година за првпат учествува на СП во фудбал. 

15.06.2014 - 13:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега