Машките одговори на љубовните пораки
Група мажени жени биле на семинар со тема: Колку љубов има во вашите бракови?
Ги прашале:
- Колку од вас ве сакаат вашите мажи? – Сите ги подигнале рацете
- Кога последен пат сте му кажале дека го сакате?
Некои одговориле денес, некои пред неколку денови, некои дека не се сеќаат точно кога.
Потоа им рекле на мажите да им ја испратат следната SMS порака: Душо те сакам. И да почекаат одговори… Еве некои од одговорите на мажите:
1. Кој е тоа?
2. Ооо, мајко на моите деца, дали си болна?
3. И јас тебе (беше само еден)
4. Што е сега? Повторно го удри автомобилот?
5. Не разбирам? Што значи тоа?
6. Што направи сега? Овој пат не ти простувам!
7. !!!???
8. Не глуми лудило, колку пари ти требаат?
9. Дали сонувам?
10. Ако не ми кажеш за кого е наменета оваа порака, некој ќе биде мртов!
11. Убаво те замолив да не пиеш повеќе… ако продолжиш, дефинитивно ќе те оставам…
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа