Еве зошто дресовите на Уругвај се толку тесни

На прв поглед делува смешно и непотребно на играчите да мора да им се отцртува се – мускули, брадавици, па дури и вените. Но, Пума објаснува дека не се работи за мода туку наменски дизајн.

Се чини дека дресовите се неудобни, особено во жештината, но тие си имаат посебна функција.

Имаат еден вид компресивна лента на дресот која стимулира специфични мускули за време на играта.

- ACTV лентата е стратешки поставена за да обезбеди микро масажа на кожата и на тој начин работи со телото помагајќи му да го максимизира перформансот и поефективно да ги снабдува мускулите со енергија. Ова, во комбинација со деловите на дресот кои и помагаат на кожата да дише, му даваат на Уругвај натпреварувачка предност на првенството, стои во објаснувањето од Пума.

Со Костарика очигледно не помогна...

Извор: Економски

15.06.2014 - 12:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега