Крвава несреќа: Момче загина на патот за Матка

Страотна несреќа се случила утринава околу 9:40 часот, на патот за Горна Матка, дознава Пресс24.

Според информациите до кои стигнавме, несреќата се случила кога камион натоварен со дрва, управуван од С.А. изгубил контрола и се превртел. Во несреќата загинал сопатникот на С.А., 23 годишниот Бесим А. Возачот и другиот сопатник биле повредени и пренесени во болницата „8. Септември“.

Полицијата работи на расветлување на причините за несреќата.

15.06.2014 - 11:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега