Што ќе се случува летово во Дојран?
На 20. јуни почнува првиот арт музички фестивал „Дојрана“, кој ќе трае до 28-ми јуни. Фестивалот се одржува под покровителство на општина Дојран.
На натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе учествуваат мајстори на музиката и танцот од Русија, Бугарија, Србија, Косово и Македонија. Целта на натпреварот е да се промовираат убавините на Дојран и можностите за развој на туризмот.
Учеството на фестивалот го најавија и студентите од факултетот за музичка уметност во Штип, како и ученици од средното музичко училиште. Околу 200 музичари и танчери ќе се борат за гран при наградата од 500 евра, како и за наградите за тројцата најдобри по категории.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа