Во Дојран утре прскање против комарци

На подрачјето на општина Дојран утре, почнувајќи од 5 часот наутро, ќе се изврши прскање против комарци на површина од 1.000 хектари.

Аеросолната адулитицидна дезинсекција ќе се врши во ридските предели на градот, во централното градско подрачје, на шеталиштето, плажите, покрај регионалниот пат, во горните зони на Нов и Стар Дојран, како и во пределите со трска.

Препаратот што ќе се употреби во запрашувањето против комарците не е штетен за луѓето, флората и фауната. Од општината упатуваат апел само до пчеларите, утре во наведениот термин за прскање да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства. 

15.06.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега