Во среда почнува Францускиот филмски фестивал

На 18. јуни почнува Седмото издание на Францускиот филмски фестивал кој ќе се одржува во скопските кина „Милениум“, „Фросина“, во Кинотеката на Македонија и во Центарот за култура „Григор Прличeв во Охрид. Фестивалот ќе трае до 22. јуни. 

На фестивалот ќе присуствуваат еминентни гости од Франција и ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија.

Според предвиденото, ќе бидат прикажани девет долгометражни, четири краткометражни и еден документарен филм. Фестивалските денови ќе ги затвори актуелниот филмски хит „96 часа“ на режисерот Фредерик Шендорфер, кому ќе му биде доделена Златна маска за животно дело.

Фестивалот на францускиот филм е централна француска културна манифестација во Македонија, но и прва културна странска манифестација во земјата. 

15.06.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега