Скопјани, проверете дали утре ќе имате струја

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во Шуто Оризари, Агино Село и корисниците покрај езерото Треска, утре од 9 до 10 часот ќе oстанат без електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и жителите од Долно Свиларе и дел од потрошувачите од село Волково, лоцирани на улицата „100“, како и корисниците од улиците „1“, „2“,„3“ и „4“ во Грчец. 

Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „4 Јули“ број 43, „Козле“ и „Стогово“ од број 21.

Причина за прекинот во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

15.06.2014 - 10:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега