ВИДЕО: Три силни експлозии на Сонцето

НАСА објави алармантни фотографии и снимки кои прикажуваат дури три соларни експлозии кои се случиле во само два дена, на површината на Сонцето за кои се верува дека поради својата силина би можеле да ги оштетат радио врските.

Според експертите, вакви експлозии доведуваат до испуштање на огромна количина X-зраци кои поради големата радијација би можеле да му нанесат штета на човештвото.

 

Тие веруваат дека таквите експлозии, односно количина на радијација во толкави размери не може да се пробие низ Земјината атмосфера, но сепак предупредуваат дека може да влијаат на самата атмосфера.

15.06.2014 - 10:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега