ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го прослави 24. роденден

На 17. јуни се навршуваат 24 години од основањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. По тој повод, партијата денеска организира свеченост.

Првиот чекор во создавањето на ВМРО, го направија група македонски интелектуалци, есента 1893 година. Борбата за самостојна Македонија продолжи и во периодот на стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20. век. Тогаш, по основањето на 17 јуни 1990 година, новата партија ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка сила која отворено се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање на македонската држава, што денеска во Република Македонија стана реалност.

Во историјатот на партијата се вели дека ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на историското ВМРО секогаш била на првата линија во борбата за демократско етаблирање на Република Македонија.

Партијата се уште активно се залага за извојување на политичката битка за крај на транзицијата и за поскорешно етаблирање на Македонија во меѓународните односи, како полноправна членка на НАТО и на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Македонија од 2006 година. На чело на партијата е Никола Груевски, кој во четврток на 19 јуни се очекува и официјално повторно да застане на чело на уште една македонска влада.

15.06.2014 - 10:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега