Бара оштета од 105.000 евра бидејќи му го скратиле пенисот

 

Еден  Канаѓанец ја обвини болницата во Монтреал дека му го уништила бракот и сексуалниот живот со неуспешната операција со која како што тврди му е скратен пенисот за 2,5 сантиметри.

Мажот објаснил дека го повредил пенисот во текот на еден сексуален однос со сопругата во 2011 година, по што бил хоспитализиран со дијагноза „помала траума“ и не бил опериран.

Бидејќи следните недели не успевал да има секс се обратил на лекарот кој му дијагностицирал прелом на пенисот.

Хируршката интервенција која потоа следувала му го смалила пенисот за 2,5 сантиметри, тврди пациентот.

Операцијата вели му  наштетила на неговиот сексуален живот бидејќи две години неможел да има сексулани односи со сопругата и таа се развела од него.
Оставениот сопруга од болницата бара оштета од 105.000 евра, поради немарност.

15.06.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега