Украина завиена во црно- прогласен на жалост

Во Украина денеска е прогласена ден на жалост поради  загинувањето на 49 украински војници од воен авион-транспортер кој проруски сили го соборија вчера во близина на Лугањск.

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара свикување на Советот за национална безбедност и одбрана по повод најновиот развој на настаните на исток во државата.

Порошенко вчера побара „адекватен одговор“ по повод нападот на проруските сили и инцидентот кај Лугањск.

– Сите вмешани во акт на тероризам од такви размери мора да бидат казнети, изјави Порошенко и нагласи дека на Украина и е потребен мир.

Од друга страна, Москва смета дека САД би требало да го употребат своето влијание врз Киев за да се запре насилството и нагласуваат дека решение е можно само по пат на директни контакти со претставници од југоисток во Украина.

15.06.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега