Време: Паднаа температурите

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со појава на град и електрични празнења, особено во југоисточните делови.

Температурата ќе се движи од 20 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата до 28 степени.

Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

15.06.2014 - 10:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега