ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Направија сообраќајка додека правеа селфи

Две девојки од Иран направиле сообраќајка додека се обидувале да направат селфи видео. На снимката се гледа како девојката која вози го трга погледот од патот, но и рацете од воланот. Одеднаш снимката се прекинува, се слуша врисок и удар на нивнотот возило во друго возило. 

Девојките за среќа поминале со полесни повреди, но изгледа дека не ја научиле лекцијата, бидејќи направиле фотографија и во болницата на кое се гледа дека имаат повреди на лицето.

14.06.2014 - 21:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега