Касиљас: Јас сум виновен за поразот од Холандија

Голманот на Шпанија Икер Касиљас изјави дека е виновен за синоќешниот убедлив пораз на неговата репрезентација.

Актуелниот светски шампион загуби со 5:1, а Касиљас имаше катастрофални потези кои директно влијаеја на резултатот.

-Виновен сум. Тоа беше мој најлош натпревар во кариерата. Морам да им се извинам на сите. Холанѓаните одиграа добро, ние бевме очајни. Сега ни преостанува да се вратиме во нормала и проблемите да ги оставиме зад нас, истакна шпанскиот чувар на мрежата кој се најде на удар на јавноста во неговата земја.

Шпанија пласманот во следната фаза ќе го брка против Чиле и Австралија.

Табела по 1.коло во групата Б: Холандија 3 бодови, Чиле 3, Австралија 0, Шпанија 0

14.06.2014 - 20:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега