Од понеделник Скопје станува забранет град за камионите

Град Скопје ги информира транспортните субјекти дека од понеделник стартува со воведување на времен режим на сообраќај, забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Градот. Забраната ќе важи во текот на денот од 10 часот до 20 часот, се до 1 септември годинава.

Оваа мерка се воведува со цел да се заштити коловозот од оштетувањaта предизвикани од големите осни оптоварувања на тешки товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.

Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ, информираат од Град Скопје.

Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват кон поставената сообраќајна сигнализација.

14.06.2014 - 20:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега