ВИДЕО: Колумбија ја прегази Грција - еве ги головите

Репрезентацијата на Колумбија не дозволи да се почувствува отсуството на својата прва ѕвезда, Радамел Фалкао, и со убедливи 3:0 против Грција го започна настапот на Светското првенство во Бразил.

Јужноамериканците бодрени од голем број свои фанови на стадионот поведоа уште во 6. минута со голот на Армеро, што беше резултат на полувреме. Победата ја најави Гутиерез во 58. минута кога Колумбија поведе со 2:0, а најдобрата шанса за Грција ја пропушти Гекас кој со глава биеше во гредата. 
Точка на натпреварот стави Џејмс Родригез во судиското продолжение, со што Колумбија стигна до победа од 3:0 и важни три бода во обидот да се најде во осминафиналето на мундијалот во Бразил.


14.06.2014 - 20:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега