Отписот на долгови за граѓаните- прва мерка по формирањето на Владата

Конкретната и значајна мерка за еднократниот отпис на долгови, со која ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани, е еден од приоритетите на Владата. Овој ветен проект ќе биде остварен веднаш по формирањето на новата Влада на 19 јуни, изјави премиерот Никола Груевски.

-Ова е проект кој ќе го реализираме и целосно ќе го исполниме. Ова ќе биде прифатено на првата седница на Владата по формирањето на новата Влада на 19 јуни, истакна премиерот Никола Груевски на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Примената на мерката за отпис на долговите за електрична енергија, за банките и за радиодифузната такса, за која граѓаните покажаа голем интерес, која ќе почне веднаш по формирањето на новата Влада, ќе им помогне на ранливите категории на граѓани да се ослободат од извршителите и од притисокот што досега го чувствуваа за наплата на долговите.

14.06.2014 - 15:54
Фото: 
Kurir.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа