Македонците ја преплавија Грција - река возила утрово чекаа на „Богородица“
Голема гужва утрово се создаде на граничниот премин „БОгородица“. Македонците одлучија да го искористат сончевиот викенд и да заминат на некоја од грчките плажи.
На „Богородица“ утринава се чекало и по еден час, а слична била состојбата и на грчката граница, објавува денеска Телеграф. Според информациите на порталот, во моментов сообраќајот е нормализиран и веќе нема голема гужва.
Се препорачува граѓаните кои сакаат да заминат во Грција, тоа да го направат рано наутро или навечер.
14.06.2014 - 14:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа