Летна манџа
Кромидот го сецкаме ситно и го ставаме во претходно загреана тава со зејтинот и го запржуваме малку да порумени. Го додаваме и месото и зачините. Пржиме околу десетина минути и го додаваме модриот патлиџан исецкан на ситни коцкички. Потоа го додаваме и црвениот патлиџан пржиме околу 5 минути. На крај се додава и оризот, се упржува се заедно неколку минути.
Додаваме врела вода постепено, ако го спремаме јадењето на рингла како во мојот пример, ја користев вок тавата. Ако го спремаме во рерна ја додаваме целата вода наеднаш и ставаме во рерна на 200 степени околу 45 минути. На рингла спремаме на потивок оган, односно 1 или 2 најмногу. Можете додека се спрема јадењето и да пробате за да не се превари оризот.
Ова јадење беше секако вкусно, барем за мојата фамилија, се надевам ќе биде и за вашата. Па пробајте го и ви посакувам добар апетит.
Извор: Мои рецепти
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа