Еден Албанец убиен во престрелка во Атина

38-годишен Албанец е убиен во престрелка што се случи денеска претпладне во централната атинска населба Неос Космос, јави дописникот на МИА од Атина.

Полицијата го нашла застреланиот пред влез на една зграда откако соседите пријавиле дека слушнале неколку истрели.

 

Тој починал кусо време откако бил однесен во болница.

 

Се уште се испитуваат околностите под кои дошло до пресетрлката, а полицијата соопшти дека против убиениот од претходно имало издадено налог за апсење поради поседување нелегално оружје.

14.06.2014 - 12:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега