Сепаратистите соборија уште еден украински воен авион- 49 украински војници загинати

 

Четириесет и девет украински војници загинаа денеска, откако проруските бунтовници урнаа транспортен авион над аеродромот во источниот град Луганск, изјави портпаролот на украинското Министерство за одрбана Владислав Селезнов. 

Министерството претходно соопшти дека сепаратистите отвориле оган од противвоздушно и артилериско оружје и го собориле воениот транспортен авион „Ил-76“ при обид за заземање на аеродромот во Луганск.

Авионот превезувал војници. 

14.06.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега