Скопјани ќе се спасат од напорните комарци

На подрачјето на Скопје ќе се изврши второто прскање против возрасни форми на комарци во 2014 година, од воздух и од земја.

Авионското прскање ќе се изврши денеска и утре од 5.30 до 8 часот, додека прскањето од земја ќе се одвива од 15 до 19 јуни, од 23 до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на авионската дезинсекција, велат од Град Скопје, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градските власти ги предупредуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

14.06.2014 - 10:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега