Топло - ладно

Во овие жешки денови топло - ладно колаче е најдобриот избор. Еве како да го направите

Потребни состојки: 

 500 гр чоко­ладо
• 10 јајца
• 125 гр путер
• 200 гр бра­шно
• 10 лажици шеќер

Подготовка: 

Чоко­ла­дото и путе­рот се ста­ваат во подла­бок сад. Потоа, на уме­рен оган, се топи сме­сата. Откако ќе се рас­топи, садот се трга од шпо­ре­тот и се остава сме­сата да се излади.

Јај­цата се матат заедно со шеќе­рот. Потребно е јај­цата малку да се изма­тат, одно­сно да бидат пене­сти. Потоа, јај­цата и шеќе­рот се дода­ваат на сме­сата со чоко­ладо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а бра­шното го дода­ваме посте­пено, со посто­јано мешање.

На кра­јот, треба да се добие густа и хомо­гена чоко­ладна смеса. Кала­пите се мач­каат со путер и се попр­ску­ваат со бра­шно, пред да се налее сме­сата во нив.

 

Во меѓу­време, се загрева рер­ната на 250℃. Се пече само 5 минути.

Имајте убав апетит!

13.06.2014 - 19:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега