Неколку работи кои треба да ги занете за ф’стаците
Ф’стаците се сè попопуларни поради позитивните ефекти кои ги имаат на здравјето, а готвачите почнаа да ги користат на амбициозни начини, па веќе постојат многу рецепти кои е невозможно да се игнорираат. Еве пет работи кои би требало да ги знаете за нив.
- САД во моментов се најголемиот производител на ф’стаци во светот, откако во 2010 година го надминаа Иран.
- Еден плод содржи само три до четири калории. Ф’стаците имаат најмалку калории од сите останати оревести плодови.
- Ф’стаците содржат повеќе калиум од сите останати оревести плодови, а калиумот влијае на снижување на нивото на кортизолот, хормонот на стресот.
- Јадењето ф’стаци може да помогне во намалувањето на холестеролот и намалувањето на ризикот од рак. Одлични се како извор на фитостерол, растително соединение кое го намалува нивото на лошиот холестерол. Содржат и антиоксиданси кои се добри за борбата против ракот, вклучувајќи каротеноид, бета-каротен и лутеин, кој им ја дава препознатливата зелена боја.
- Црвени ф’стаци не постојат во природата. Увозниците на ф’стаци користат црвена и понекогаш зелена боја за да ги прикријат неправилностите поради традиционалните методи на берба.
13.06.2014 - 18:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа