Убиство како во мафијашките филмови на Лаки Лучијано!

Џемси Демири (34) е човекот чие тело со „бетонски чевли“ е извлечено во понеделникот навечер од Сава.

Демири имал богато полициско досие а на полицијата и бил познат по кражби, разбојништва,  продажба на наркотици. Бил познат и по својата бруталност, уцени и закани. Својата „криминална кариера“ ја започнал во Пчињскиот округ, а граѓаните од Прешево, Бујановац и Врање добро го имаат запаметено.

-Во овој крај сите ја паметат неговата кражба на мотелот „Ибро“ и бензинската пумпа во близина на Прешево, ресторанот „Езеро“ а во населбата Салваторе граѓаните го обвинувале дека им ги „упропастувал“ ќерките. Минатата година едвај се извлече од Приштина. За да ја зачува „главата“ бидејќи ограбил еден богат гостин, тој вратил повеќе пари отколку што украде од него, изјавил извор за српскиот Курир.

Демири, најчесто се користел со лажно име а и бил познат на полицијата од Белград, Нови Сад, Земун, Субиотица, Загреб, Љубљана а и во останати балкански држави.

- Станува збор за човек кој беше во лоши односи со многу луѓе, во многу градови, така да имало голем број на луѓе кои би сакале да го видат мртов. Поради тоа, за сега е тешко да се каже кој стои зад неговото убиство. Отежнување плус за истрагата е фактот што тој постојано го менувал своето место на живеење, па не можеме да знаеме каде е фрлен во реката. Постои можност ова убисто да се нема случено во Србија, изјавил изворот.
 
Во Бујановац, кадешто е роден, кружат бројни гласини за Демири. Едни тврдат дека тој бил многу богат, секогаш носел брендирана облека и дека трошел многу пари, а други тврдат дека едвај преживувал и дека останал без покрив на глава, спиел каде ќе стигне и немал основано семејство.

Факти за неговото убиство:

-Демири бил измачуван и фрлен во реката;

-Околу нозете му биле врзани две цигли;

-Главата му била залепена со широк селотејп;

-На рацете имал ракавици;

-Телото било 10 дена во реката.

13.06.2014 - 17:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега