СДСМ те тужи, СОРОС те суди - Како функционира спрегата за кодошење во функција на СДСМ и СОРОС?

 

Спрегата СОРОС - СДСМ повторно во мисија на кодошење на сопствената земја. Мала анализа на извештајот на фридом дава скандалозни податоци. Новинар дел од медиумите на СОРОС го пишува извештајот на Фридом Хаус , а  сопствените анализи ги поткрепува со извештаи на медиумите и невладините на СОРОС. Спрегата меѓу невладиниата на Милчин и СДСМ резултира со извештај на Фирдом Хаус во кој се бележи пад на индексот на слобода на медиумите и пораст на корупцијата.
Извештајот го пишува Љубица Гроздановска Димишкова, за која мало пребарување на интернет покажува дека била дел од редакцијата на соросвиот фокус.  За да придонесе за намалување на перцепцијата за слобода на медиумите, Димишкова се повикува на текстови објавени во медиуми под влијание или целосна контрола на опозицијата и СОРОС.


На пример, Димишкова во својот извештај, кој медиумите на Сорос го објавуваат како извештај на Фридом Хаус пишува дека законот за медиуми во Македонија е донесен во нетранспарентна постапка и дека многу невладини реагирале на тоа. За волја на вистината, реагираа исклучиво невладини кои се финансираат од СОРОС, а законот беше донесен во максимално транспарентна постапка во која учествуваа речи си сите новинари во Македонија, беа организирани серија јавни дебати од кои се вршеше директен телевизиски пренос.

avtor-500

fus-500

fus1-500

Интересно е што Димишкова случајно или намерно заборава во својот извештај да наведе дека Законот за медиуми доби оценка Одличен од високиот претставник на ОБСЕ за Медиумите, Дуња Мијатовиќ.
Втората област во која Фридом Хаус преку извештајот на Димишкова регистира негативно придвижување е корупцијата.
Имено, Димишкова во сојот текст кој сега се нарекува извештај на Фирдом Хаус, констатира дека за Скопје 2014 се потрошиле половина милијарда евра на нетранспарентен начин. Оие тврдења таа ги поткрепува со прилог објавен на опозициската 24 вести во кој новинарот консултирал невладини организации финансирани од СОРОС како и самата опозициска партија СДСМ.

fus2-500
Втората рефернца која ја користи новинарката на Фокус пишувајќи го извештајот на Фридом Хаус е извештај на невладината на Слаѓана Тасева која за потсетување, за т.н. независна истрага на проектот Скопје 2014 инкасираше илјадници евра од касата на општина Центар.
Меѓу останатите извори на кои се повикува новинарката на Фокус, се текстови објавни на порталите, Окно, Плусинфо, А1он и останатите медиуми кои секоја година инкасираат меѓу 20 и 50 илјади евра од СОРОС.
Организацијата Фридом Хаус, се оградува од извештајот напишан од новинарот кој бил дел од соросовиот Фокус. Во него, јасно стои дека целиот извештај е личен став на авторот.

13.06.2014 - 17:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега