Кои се најдобрите работни места за жените?

 

Жените и натаму се во потрага по најдобрите начини за подобро вклопување во уште доминантно „машкиот“ деловен свет.

Според едно истражување, дури 58 отсто од работноспособните жени во САД или се невработени или работат, но се уште се во потрага по „работата од соништата.

Сакајќи да им помогне на жените, интернет страницата „Кериер каст“ изработи листа на најдобри „женски“ професии, водејќи сметка за повеќе различни факти - од работната средина, физичките барања, конкурентноста, па се до приходите и стресот.

Така на врвот на листата на најдобри работни места за жените се најдоа:

1. Агент за огласување и маркеринг

2. Компјутерски аналитичар

3. Стоматолог

4. Организатор на социјални настани

5. Менаџер за човечки ресурси

6. Финансиски аналитичар на пазарот

7. Работен терапевт

8. Физиотерапевт

9. Портпарол

Добра вест е тоа што се повеќе жени се вработуваат на позиции, за кои до сега се мислепе дека се резервирани само за мажи, наведува „Кериер каст“.

13.06.2014 - 17:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега