Рецепт: Селското месо
Направете го македонскиот специјалитет за вашето семејство, а тоа е селското месо, еве што ви е потребно.
Сотојки:
• 200 гр свинско месо
• 200 гр телешко месо
• 200 гр пилешко месо
• 200 гр мелено месо (мешано)
• 2 големи моркови
• 1 китка магдонос
• 300 гр печурки
• сол, бибер, сув мешан зачин, црвен пипер
• лук
• буковец или сува пиперка
• магдонос
• малку брашно и оригано
• 30 мл бело вино
Подготовка:
Во меленото месо се става ситно исечкана 1 главица кромид, бибер, сол, сув мешан зачин, 1 лажица сода бикарбона, брашно и оригано. Смесата убаво се замесува. Се остава да стои во фрижидер 1–2 часа покриено со фолија, па потоа од него се прават мали ќофтиња.
Месото се сече на коцки и секое парче месо се пржи на топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид, морковот исечкан на тенки кругови и ситно сечкан магдонос. Сето тоа добро се пропржува, па се додаваат печурките и заедно се пржи околу 5–10 минути.
Во земјена тава се става месото, заедно со ќофтињата, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и морков.
Се полива со вода и се додаваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150℃ и се готви 2 часа. Потоа се вади фолијата и се остава во рерна да се пече уште 2–3 часа на тивок огран.
На крајот, се додава запршка од брашно со црвен пипер и пак се враќа во рерна на неколку минути.
Имајте добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа