Запознајте го детето генијалец кое матурираше на десет години

 

10- годишниот Танишк Абрахам од Калифорнија за само четири години е примен во Менса, а сега се подготвува за факултет. Неговата желба е да биде претседател на САД.

Момчето кое се школувало дома, што е дозволено по американскиот закон, во неделата доби средношколска диплома. Неговата мајка, ветериран, Таџи Абрахам рече дека поголемиот дел од работите ги научил сам.

- Јас му помагав со биологија и хемија, а мојот сопруг Биџ кој е роботичар, го подучуваше аритметика и тригонометрија, објаснува таа.

Танишк завршниот испит го положил уште во март, но дипломата ја зема сега затоа што посетувал часови на локалниот колеџ. Следната година ќе продолжи со школување на Универзитетот на Калифорнија во Дејвис, кој се наоѓа во близината на семејниот дом.

На седум години објавувал есеи за астрономија на сајтот на Институтот за истражуање на Месечината на агенцијата НАСА, а пеејќи во хор и свирејќи клавир го покажа талентот и за музика.

13.06.2014 - 13:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега