Подигнувале туѓи кредити и се богателе - еве што се случувало во „Интер Фалко“

С.Ч. (59) и М.Ш. (67) од Богданци и гевгеличанецот С.С. (40) заработија кривични пријави поради „фалсификување или уништување на деловни книги“, додека С.Ч. е пријавена и за „злоупотреба на лични податоци“.

Од 2 ноември 2010 до 25 јуни 2012 година, С.Ч. вработена и полномошник на штедилницата „Интер Фалко“ ДОО Скопје-филијала, употребила 18 фалсификувани документи за одобрување долгорочни кредити на физички лица, кои ги доставила до штедилницата.

Исто така, информираат од полицијата, на 17 јануари 2012 година, С.Ч. без согласност на З.А. ги искористила неговите лични податоци и склучила договор за долгорочен кредит. С.Ч. и М.Ш. го поттикнале С.С да изготви 18 фалсификувани потврди за извршени проценки на златни предмети со цел да овозможи склучување на договори за долгорочни кредити за лица од Гевгелија и Богданци.

С.С. изготвил 18 фалсификувани потврди за наводно извршени проценки за златни предмети, и ги дал на С.Ч. и и овозможил да ги употреби при подигање  кредити во вкупен износ од 1.675.000 денари. 

13.06.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега