ВНИМАВАЈТЕ: Се подготвува невреме над Македонија

Денеска ќе имаме претежно ведро време. Во текот на попладнето во северните делови од земјата ќе има услови за развој на купесто-дождовно облаци кои локално ќе донесат дожд и грмежи. Постабилно време се очекува во јужната половина од земјата.

Според прогнозите на Метеопро максималната температура ќе има вредност околу 30°С низ населените места во западниот регион. Само малку потопло, за околу 1°С ќе биде во источните краишта. Долж повардарието температурата на воздухот ќе биде во граница од 31°С до 34°С.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.

Во скопската котлина ќе преовладува сончево, топло и релативно спарно време претпладне. Попладне ќе има веројатност за појава на локален дожд проследен со грмежи. Максималната вредност на температурата ќе достигне 32°С

13.06.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега