Загрижувачки: Од лани има 3000 Македонци помалку и 4000 Албанци повеќе во Македонија

 

За прв пат откако се собираат податоците од 1948 година, во 2013 година етничките Македонци се под 50 отсто во родените, покажуваат податоците од Државниот Завод за статистика.

 

Според податоците, во 2013 година, според припадноста кон етничката заедница на мајката и таткото родени се 11.603 Македонци, 7. 488 Албанци, 1.080 Турци, 1226 Роми итн. Од друга страна во 2013 година починале 14.213 Македонци, што е речиси за 3.000 повеќе од родените. Истата година, статистиките покажуваат дека починале, 3.230 Албанци, што е повеќе од половина помалку од 7.488 родени припадници на овој етникум. 

Податоците покажуваат дека само лани, бројот на Албанците во однос на Македонците се зголемил за 7.000.

 

Доколку се погледнат статистиките од првиот квартал во 2014 година, општини со најдобар наталитет се Тетово, Чаир, Куманово, Сарај, Студеничани, Струга, Шуто Оризари, Боговиње и Аеродром, додека општини со најслаб наталитет се Битола, Карпош, Прилеп, Велес, Кочани, Охрид, Кисела Вода, Кичево, Демир Хисар и Босилово, каде што живее претежно македонско население.

 

 

13.06.2014 - 11:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега