ФОТО: Македонецот Николче исчезна во Австралија

Mакедонски емигрант исчезнал во областа Бенкстоун, во Сиднеј, Австралија, пишува австралиското издание на „Дејли Телеграф“.

Според „Дејли Телеграф“, станува збор за 28- годишниот Николче Велјановски, од кој нема ни трага ни глас веќе два дена. Тој последен пат бил виден на локацијата Алума, Јагуна (Alluma, Yagoona).

Австралиската полиција била информирана и веднаш почнала потрага по младиот Македонец, кој е опишан како момче со кавкаски изглед, со црвена коса и сини очи.

„Дејли Телеграф“ објави повик за помош во потрагата.

13.06.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега