Оние кои имаат ТВ во спалната соба имаат секс два пати повеќе

 

Речиси 67% од паровите тврдат дека телевизорот во спалната соба им го подобрил сексуалниот живот. Третина од нив заедно гледаат еротски филмови и во нив пронаоѓаат инспирација!

 

 

Телевизорот во спалната соба сепак не е лош за сексуалниот живот, утврдило едно истражување на британската компанија VoucherCodesPro.co.uk. Паровите кои во спалната соба имаат ТВ, имаат и секс два пати повеќе од оние кои немаат ТВ, пренесува Daily Mail.

Речиси 67% од нив тврдат дека токму телевизорот им го подобрил сексуалниот живот и ги зближил уште повеќе. Третина од нив заедно гледаат еротски филмови и пронаоѓаат инспирација, а некои од нив и употребуваат досадни програми за да го наведат партнерот на секс. За 32% од нив телевизорот е предност бидејќи истовремено можат да уживаат во "жешките игри" со партнерот, а и да не ја пропуштат омилената емисија. Речиси половина од луѓето за време на секс гледаат телевизија, потврдило истражувањето. Околу 74% од луѓето во својата спална соба имаат ТВ, а оние кои немаат признаваат дека сакаат да набават. Речиси 48% од нив сакаат ТВ но партнерот не им дозволува. 

- "Иако е здраво телевизорот да стои во дневната соба, а спалната соба да се употребува како засолниште од стрес и место за одмор, по се изгледа дека гледањето на филмови и тоа како може да ја разбуди страста во кревет. Иако можеби е малку изненадувачки, резултатите од истражувањето всушност и не се така необични" - истакнале вработените од компанијата VoucherCodesPro.co.uk.

Извор: Точка

13.06.2014 - 10:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега