Иванов ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2014“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието Инженерски прстен 2014“ на најдобрите дипломирани студенти кои ги негуваат инжинерските дисциплини.

Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

 

13.06.2014 - 09:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега