По 50.000 долари за семејствата на патниците од исчезнатиот малезиски авион
Иницијална надокнада од по 50.000 долари ќе им биде доделена на семејствата на патниците од исчезнатиот патнички авион.
До сега парите ги добиле шест семејства од Малезија и една од Кина, а осигурителните куќи ги разгеледуваат барањата на уште 40 кинески семејства.
Роднините на сите 239 исчезнати лица може да побара поединечна надокнада во износ од 175.000 долари, пренесе Би-Би-Си.
Авионот на летот MH370“ исчезна на 8-ми март во текот на патувањето од Каула Лумпут кон Пекинг, а до сега не е пронајдена никаков траг од леталото.
Заменик малезискиот министер за надворешни работи Хамза Заинудин, нагласил дека владата сеуште не прогласила дека авионот е изгубен.
Накнадите ги исплаќа конзорциумот на осигурителни куќи на чело со германската компанија „Алијанс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа