Скопската полиција казни 48 возачи - еве зошто

 Полицијата вчера на скопските улици уловила и казнила четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, осум возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола, 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 10 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира и едукативни работилници во детската градинка „Срничка“, објект „Лале“, кој се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во недела со почеток во 20 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар помеѓу репрезентацијата на Република Македонија и репрезентацијата на Република Грција. За да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција во зависност од моменталните состојби ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

13.06.2014 - 09:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега