Канческа - Милевска на средба со Раде Шербеџија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе оствари средба со актерот и режисер Раде Шербеџија, чиј филм „Ослободување на Скопје“ ќе се снима на повеќе локации во Македонија.

Проектот „Ослободување на Скопје“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, во копродукција со Хрватска (Lijeni Film).

Продуцент на филмот од Македонија  е продуцентската куќа Партизанс Дооел. 

13.06.2014 - 09:17
Фото: 
marili.com.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега