Ќе дојде ли крај на грчките изненадувања?

 
Грчката влада во првите пет месеци од 2014 година оствари примарен буџетски суфицит од 711 милиони евра, во однос на дефицитот од 970 милиони вера во истиот период минатата година.

 

Заменикот на грчкиот министер за финансии Христос Стаикурас изјави дека оваа цифра го надминала ревидираното целно ниво од околу 500 милиони евра, пренесува грчкиот весник Катимерини.

Во примарниот буџетски суфицит не се пресметани сервисирањата на грчкиот јавен долг, како ни буџетите на организациите за социјална безбедност и локалните власти.

Денес, исто така се објавени и податоците на грчкиот Завод за статистика, кои покажаа дека невработеноста во првиот квартал од оваа година мирувала на 27,8 проценти, колку што изнесуваше и во претходните три месеци.

Од 1,43 милиони невработени Грци, околу 71 процент се без работа најмалку 12 месеци. Поради строгите мерки за штедење, невработеноста во Грција минатата година порасна на 27,3 од 24,3 проценти во 2012 година.

Извор: Денар.мк

13.06.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега