Прв саем на современа уметност Партисима Скопје

Во Младинскиот културен центар денеска се отвора првиот саем за современа уметност „Пaртисима Скопје“. На саемот ќе се претстават деведесет уметници.

Саемот е организација  на граѓанското здружение за промоција и поддршка на културата „Континео 2020“ во соработка со партнерската организација YLDA (Youn People for Local Development Association) од Торино, Италија.

Покрај уметнички поставки, на саемот ќе може да се проследат и музички концерти со настапи на музичари од Италија и Македонија, дизајн и накит, проекции, работилници, презентации, уметнички перформанси и други содржини. На Паратисима Скопје ќе се претстават автори од Италија, Франција, Грција, Црна Гора и други држави.

По денешното отворање, изложбената поставка ќе биде отворена за јавност од 10 до 22 часот во сабота и недела.

Најдобрите 10 автори ќе имаат можност да ги прикажат своите дела на Партисима во Торино во ноември годинава.

Партисима Скопје е реализирана со финансиска поддршка од Стопанската комора Торино и институционална поддршка од Младинскиот културен центар и градовите Торино и Скопје. 

13.06.2014 - 08:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега