Македонија го одбележува Денот на крводарителството

Во Дневниот центар за дарување крв „Даре Џамбаз“ денеска под мотото „Дарувај крв за оние кои даруваат живот“ ќе биде одбележан 14 Јуни- Светскиот ден на крводарителството.

Со активностите за дарување крв Црвениот крст  на Република Македонија се вклучува во глобалната кампања за промоција и унапредување на крводарителството.

На настанот ќе присуствуваат крводарители, како и претставници од Институтот за трансфузиона медицина, канцеларијата на Светската здравствена организација Скопје, Агенцијата за млади и спорт.

13.06.2014 - 08:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега