Денот пеколен - попладнето дождливо

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови во северните делови ќе има локална појава на дожд и грмежи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локална нестабилност во вид на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

За време на викендот и во почетокот на следната недела во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град. Пооблачно време и пообилни врнежи се очекуваат во недела.

13.06.2014 - 08:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега