Пилешко со кари

 

Еве што ви е потребно за да приготвите вкусно пилешко со кари.

Состојки:
• масло
• 1 кро­мид, ситно сеч­кан
• 2 големи лажици кари паста
• 4 домати, сеч­кани
• 4 пар­чиња пиле­шки стек
• 100 гр млад спа­наќ
• 4 големи лажици јогурт
• малку коријандер

Подготовка:
Чекор 1: загрејте го маслото во сад за пржење (нај­до­бро да имате сад кој не лепи и има покло­пец). Дода­дете го исеч­ка­ниот кро­мид. Пржете околу 3 минути, додека не омекне. Потоа се става пастата од кари и потоа пржете уште 1 минута.

Чекор 2: во сад за пржење се дода­ваат пиле­шкото (исеч­кано на пар­ченца), дома­тите и вода. Затво­рете го садот и оста­вете да се дин­ста околу 15–20 минути. Потоа, дода­дете го спа­на­ќот. На крај поме­шајте со јогурт и коријандер.

Се служи со ориз, печено лепче, тор­ти­лја или салата.

12.06.2014 - 20:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега