ВИДЕО: Нема да верувате дека во ова село живеат само кукли

 

Нагоро се наоѓа на островот Шикоко во Јапонија. Некогаш тоа било место со големи компании и неколку илјади жители. Меѓутоа со текот на годините, дошло до иселување во потрага по подобар живот.

Кога јапонската уметничка Ајано Цукими се вратила во своето родно место пред 11 години, тоа веќе не било местото кое таа го памти. Луѓе речиси да нема, поранешните жители или починале или се преселиле во поголем град, па таа решила малку да го "оживее" селото со кукли.

Куклите се поставени насекаде низ селото, на улиците, во куќите, училиштата, фармите...За 10 години таа сошила околу 350 кукли и секоја од нив претставува некогашен жител.

Нагоро се наоѓа на островот Шикоко во Јапонија. Некогаш тоа било место со големи компании и неколку илјади жители. Меѓутоа со текот на годините, дошло до иселување во потрага по подобар живот.

"Кога правам кукла, мислам на личноста која треба да ја претставува, мислам на тоа кога биле живи. Тие се како мои деца", изјавила Цукими. Нејзиниот талент бил откриен кога таа засадила семе, но ништо не пораснало. Тогаш решила да направи страшило, кое се воспоставило дека премногу личи на нејзиниот татко.

"Се' направив и самата во облик на кукла. Секој ден таа гледа во оган, а моментално спие", наведува јапонската уметничка.

извор: точка

 

12.06.2014 - 19:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега