Ураганот Кристина се засили и беснее на бреговите на Мексико
Ураганот Кристина, што беснее на пацифичкиот брег на Мексико, за само неколку часа се засили од невреме од трета во четврта категорија , соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани.
Силниот ветар на ураганот достигна брзина од околу 230 километри на час, а, според прогнозите, во центарот за урагани невремето во текот на денот може уште повеќе да се засили, по што може да почне да слабее дури вечерва.
Жариштето на ураганот во моментов се наоѓа на околу 400 километри југозападно од Манзанил и се движи во правец запад-северозапад.
12.06.2014 - 17:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа