Српскиот голман се отвори: Поранешната сопруга е наркоманка и сексуално неизживеана!
Српскиот голман Владимир Стојковиќ одлучи да ја прекине тишината околу спорот со својата бивша сопруга Бојана Рајиќ па откри многу нешта за неа.
-Причината на моето молчење беше мојот син. Причината поради која проговорив е истата, мојот син. Плашејќи се какви можат да бидат последиците од мојот настап по него, сфатив дека многу помалку штета ќе направам со вистината, отколку животот покрај личноста со која сега живее.
Испровоциран со оркестрално пласирање на невистини, сакав да ги известам сите оние кои не се премногу блиски со мене, дека личноста на која наводно не и ја плаќам алиментацијата од 600 евра, своевремено и исплатив 26.000 евра однапред, за да лагодно и без стрес може да го издржува детето, за што поседувам уредно потпишана потврда. Не се согласувам на уцени и перфидни обиди во јавноста да бидам претставен како малоумник кој не сака да го издржува роденото дете. вели тој.
Сфаќам дека таа е лута бидејќи да се задоволат потребите за МДМА дрогата и екстазито веројатно чини многу, но за тоа ќе им се обрати на луѓето од својето минато, со кои тесно деловно соработуваше, бидејќи ќе и дадат по набавна цена, бидејќи заслужила.
Останува само да жалам и да се тресам над доброто на моето дете, кое безгрижноста на детството го поминува како заложник на својата ненаситна и негрижлива мајка, подготвена на се, за да себеси без никаква работа, си осигура живот на пијана милионерка.
На страна нејзината незаситна сексуална глад, а спорен е и делот каде себеси сака тенденциозно да се претстави како пожртвувана мајка, каква што не е и никогаш нема да биде – напиша Стојковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа