Отишла на детско игралиште со моторна пила - еве што направила жена од Загреб

Верувале или не, жена од Загреб отишла на детско игралиште и го демолирала со моторна пила.

Според податоците на Слободна Далмација, се работи за 52-годишна жена чиј идентитет е непознат, која синоќа отишла на едно детско игралиште со моторна пила и ги демолирала лизгалиците, лулашките и клацкалките. Среќа што инцидентот се случил навечер, па немало деца во близина.

Засега не е познат мотивот за она што го направила 52-годишнта жена. Според неофицијални информации, најверојатно се работи за сопственичка на познат угостителски објект.

Материјалната штета се проценува на неколку десетици илјади куни, а против неа ќе биде покренета кривична.

12.06.2014 - 13:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега